Херн за можниот ММА меч меѓу Вајлдер и Нгану: Френсис може да му ги скрши нозете

Френсис Нгану ги воодушеви љубителите на боксот на неговиот неодамнешен настап во Саудиска Арабија против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури.

Поранешниот борец на УФЦ остави одличен впечаток во своето боксерско деби и покрај тоа што загуби со поделена одлука.

По мечот многу боксери покажаа интерес да се борат со Нгану, меѓу нив и Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.

А Бронзениот бомбардер е единствениот подготвен да се обиде против камерунскиот нокаутер во меч според ММА правилата.

Бидејќи Вајлдер нема искуство во вакви борби, многумина веруваат дека тој нема шанси против Нгану, кој може тешко да го повреди.

„Нема смисла, лудо е. Па, дали сте ги виделе нозете на Вајлдер? Ако Нгану го удри по тие нозе, ќе ги скрши“, рече Еди Херн и доде:

„Вајлдер треба само да боксира, а не се борел повеќе од една година. Се надевам дека можеме да договориме меч на АЈ против него, а можеби и со Нгану, кој знае? Сакаме да го видиме Вајлдер во рингот, а не во кафезот. Не сум сигурен колку паметно би било тоа за Вајлдер“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON