Видовме боксери кои ги испробаа своите вештини во ММА и видовме дека борците на ММА се испробуваат во рингот. Но, има нов пресврт – двајца боксери еден против друг во ММА борба!
Дилиeн Вајт и Дерек Чисора 3 во кафез?
Еди Харн изјави дека таков настан ќе биде спектакуларен.
Вајт (кој учествуваше во ММА пред неколку години) и Чисора неколку пати изјавија дека се сериозно заинтересирани за малку ММА акција. Вајт дури го предизвика Френсис Нгану, а Чисора се подготвува за Белатор. Херн одржува контакт со Дана Вајт за можните борби во ММА. Вајт и Чисора имаат приоритет за титулата во тешка категорија, но малку дејство во кафезот нема да им наштети.
„Зошто да не?” рече Вајт. „Треба да бараме борби кои привлекуваат внимание, односно она што сака народот да го види. Вајт против Чисора во кафез? Ова ќе биде нешто спектакуларно. Но, засега да се фокусираме на боксот и да целиме на тотулата за Вајт. Се забавуваме со Нагну за евентуалниот двобој и разговарав со Вајт за него. Но сите во моментов се фокусирани одново да ги разработат своите бизниси. Во моментов приоритет за Вајт е титулата во тешка категорија. Но ќе излажам ако кажам дека немаме интерес да го видиме Вајт против Нгану“.
Во моментот Вајт е закажан меч против Александар Поветкин, а Чисора треба да се бори против Александар Усик во следната битка. Двајцата Англичани се уморни од чекање и сакаат да се борат.