Промоторот Еди Херн одговори на некои од најновите изјави на Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.
Британскиот менаџер прави сé што е можно да организира меч меѓу „Бронзениот бомбардер“ и неговиот клиент Дилиен Вајт на 3 февруари во Лондон. Тој му предложи на Вајлдер (38-0, 37 со нокаут) гарантиран хонорар во висина од 3 милиони долари и процент од телевизиските права за САД, за да се бори со Вајт. Вајлдер не е особено заинтересиран за таква борба, но е подготвен да се искачи во рингот доколку Херн двојно ја зголеми понудата.
„Овој меч ќе се случи кога Еди Херн ќе ја подигне цената. Ако може да понуди меѓу 7-10 милиони долари, без разлика дали од својот џеб или не, тогаш ќе разговараме. Не чувствувам потреба да се борам со Вајт, тие го сакаат тоа“, рече Вајлдер за BoxingScene.com.
Херн е подготвен да направи подобар предлог на Вајлдер, за да се бори со Вајт, но даде на заеење дека тоа нема да се 7 милиони долари.
„Tој сака 7 милиони, а јас сакам 28-сантиметарски пенис – нема како да се случи тоа… тоа е вистината. Што можам да му кажам на Вајлдер? Му понудивме 3 милиони долари. Понудата е 3 милиони долари, плус телевизиските права за САД – па можеби околу 4 милиони. На каква основа одлучи дека треба да добие 7 милиони“, изјави Херн за ТВ ИФЛ.
„Се занимаваме со бизнис. Знам колку пари има во оваа битка – никој не треба да ми каже. Ќе го подобриме нашиот предлог да се обидеме да ја организираме средбата. Сепак, тоа нема да бидат 7 милиони или блиску до таа сума, но ќе ја подобриме нашата понуда.
Ако Вајлдер го победи Дилиен Вајт, неговата цена за битката со Џошуа и добивката од неа најверојатно ќе се зголемат за 10 или 15 отсто, па може да достигне од 7 до 10 милиони долари. Пресметката со Џошуа е неизбежна ако го задржи појасот. Ако го победи Дилиен Вајт, судирот ќе биде одличен. Но, мислам дека Вајт ќе го победи“, заврши Еди Херн.