Херн и Ворен ги избраа категориите за претстојниот спектакл кој треба да настапи и Филип Хрговиќ

На 1 јуни во Ријад ќе се одржи боксерски спектакл, каде дел од програмата ќе биде пресметка на борците од две промоции, Мечрум бокс на Херн и Квинсбери на Ворен.

Секоја промоција ќе избере пет боксери во пет различни категории, при што Еди Херн и Френк Ворен избераа две, а една домаќинот Турки Алалших, главниот човек задолжен за големите спортски и забавни настани во Саудиска Арабија.

Ворен ги избра тешка и средна категорија, додека Херн се одлучи за перо и полутешка категорија. Останува само изборот на Алалших:

„Се разбира, тешка категорија. Сите знаат дека ја сакам тешката категорија“.

Тоа значи дека на настанот на почетокот на јуни ќе има две соочувања во тешка категорија во промотивен дуел, а наскоро ќе дознаеме кои борци ќе настапат на тој настан.

Една борба најверојатно ќе биде меѓу Филип Хрговиќ и Даниел Дубоа. Последните денови многу се зборуваше за евентуален дуел на Дионтеј Вајлдер и Жилеј Жанг.

На настанот на 1 јуни главен ќе биде мечот за апсолутен шампион во полутешка категорија меѓу Артур Бетербиев и Дмитри Бивол.

Познатиот новинар Мајкл Бенсон на Х напиша: „ИБФ веројатно победникот од мечот Хрговиќ-Дубоа ќе го спари со Ентони Џошуа во борбата за шампионската титула во тешка категорија. Ако Фјури или Усик побараат реванш по борбата, тогаш ИБФ ќе му го одземе појасот на победникот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON