Херн: Џошуа треба добро да размисли ако загуби и во реваншот од Руиз

Промоторот Еди Херн му порача на својот пулен, Ентони Џошуа, кој беше шампион во тешка категорија во верзиите ИБФ, ВБО и ВБА, дека треба да размисли за својата иднина во овој спорт доколку го загуби и во реваншот од Енди Руиз Јуниор.

Американскиот Мексиканец беше голем аутсајдер пред борбата, но на спектакуларен начин успеа да го нокаутира Џошуа во седмата рунда, што беше големо изненадување за сите љубители на боксот, особено за фановите на Британецот.

„Голем е притисокот за реванш меѓу Џошуа и Руиз. Но, доколку Џошуа ја загуби и оваа борба ќе мора добро да размисли за неговата кариера“, изјави Херн и додаде:

„Потенцијален втор пораз нема да му ја заврши кариерата, но ќе мора добро да размисли што ќе прави понатаму. Самодовербата на Руиз сега е на највисоко ниво, го видовме еден од најголемите шокови во светот на боксот, а сега Џошуа е на потег“.

За Џошуа ова е прв пораз во кариерата, а досега има 22 победи (21 со нокаут). Британецот исто така имаше и блескава аматерска кариера, беше олимписки шампион во 2012 година во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON