Ентони Џошуа се подготвува за одбрана на ВБО, ВБА и ИБО титулите на 22 септември на Вембли против Александар Поветкин.
Неговиот промотор Еди Херн вели дека светскиот шампион во тешка категорија е толку фокусиран на тренинг кампот што не ја гледал борбата меѓу Тајсон Фјури и Франческо Панета, по која е најавен дуелот на „Кралот на циганите“ и ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер.
Пред да се постигне договор со рускиот предизвикувач, Џошуа преговараше за борба со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер. Добарт дел од јавноста го гледа него и неговиот тим како виновници за неуспехот на преговорите.
„Го прашав дали гледал, а тој ме праша што.„Па, борбата на Фјури“, а тој одговори:„Не, што се случи?“.
„Толку е фокусирана на своите подготовки, бидејќи знае кој е Поветкин. Луѓето во боксот знаат кој е Поветкин. Сите кои се разбираат во боксот ќе ви речат дека ова е тешка борба“, рече Херн.
„Мислам дека Ентони не е заинтересиран за други работи Освен за Поветкин. Мислам дека во моментов премногу не го интересира она што се случува околу него, освен оваа борба, бидејќи знае колкав е влогот. Се разбира, луѓето му зборуваат дека може да се бори со победникот од Фјури-Вајлдер, но ќе се концентрира на своето“.
„Тој смета дека ова е најтешката борба вонеговата кариера, поради се она што случува и затоа што луѓето веќе зборува за иднината. Мислам дека пред ниту една борба не чувствувал ваков притисок како оваа со Поветкин“.