Хенри Сехудо: Топурија-Махачев е поголема борба од Џонс-Аспинал

Борбата за титулата во тешка категорија меѓу Џон Џонс и Том Аспинал е една од најочекуваните борби во 2025 година.

Според Хенри Сехудо, борбата меѓу Илија Топурија и Ислам Махачев би била уште поголем спортски настан. За борбата меѓу Џонс и Аспинал не престанува да се зборува во последната година. Дана Вајт гарантира дека тоа ќе се случи во 2025 година и ќе биде најголемата борба во историјата на организацијата.

Сехудо, поранешен двократен шампион на УФЦ, верува дека може да има уште една борба што е поголема од борбата за појасот во тешка категорија. Оваа борба ќе биде меѓу шампионот во перо категорија и шампионот во лесна категорија. На поткастот од Паунд фор паунд, Сехудо рече:

„Мислам дека борбата меѓу Махачев и Топурија може да биде поголема од онаа меѓу Џонс и Аспинал. Во однос на спортот, секако. Во случајот со тешка категорија, ќе знаеме само кој е неприкосновен шампион. Но, во случај на победа на Топурија над Махачев ќе биде нешто неверојатно.

Момчето го победи Волкановски, кој беше на врвот на рангирањето на најдобрите борци, без разлика на категоријата. Сега би го победил момчето кое моментално е на првото место на ова рангирање. Тоа би било неверојатно“, изјави Сехудо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIGHT.TV (@_www.fight.tv)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО