Хелвани предложи пресметка меѓу Нгану и Верховен: Тоа би била неверојатна борба

Минатиот викенд Френсис Нгану се врати во октагонот и по два боксерски меча ја имаше првата ММА борба во ПФЛ.

На настанот „Битката на великаните“ во Ријад, камерунскиот удирач со нокаут во првата рунда го победи Бразилецот Ренан Фереира.

Нгану во супер борба ја освои титулата шампион на ПФЛ, а сега е подготвен за нови предизвици, кои не треба да се поврзани исклучиво со слободната борба.

Имено, Френсис по напуштањето на УФЦ имаше два боксерски меча против Тајсон Фјури и Ентони Џошуа, и двата ги загуби.

Неодамна во едно интервју изрази желба да се врати во боксерскиот ринг, а овој пат за противник би го избрал Дионтеј Вајлдер.

Но, додека гостуваше во шоуто на Ариел Хелвани, Нгану покажа интерес и за кик бокс меч против долгогодишниот владетел на Глори во тешка категорија, Рико Верховен.

„Рико и јас имаме заеднички пријатели. Се сретнавме еднаш во салата и се дружиме, но не толку за да не можеме да се бориме. Испрати ми го договорот“, рече Френсис Нгану на воодушевување на Хелвани.

Во разговорот се вклучи –  Маршал Желазник, извршен директор на Глори, и покажа интерес за мечот. Хелвани ја прочита пораката:

„Можеме во секое време да имаме пресметка на најдобрите против најдобрите, заинтересирани сме за договор. Рико е најдобриот удирач во тешка категорија во светот, тоа би било неверојатна борба против Френсис“.

На крајот Хелвани ја заврши темата со прашање:

„Дали штотуку договоривме меч меѓу Рико и Френсис?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО