Хавиер Мендез: Хабиб нема да се врати во ММА

Пред неколку дена Хавиер Мендез ги запали социјалните мрежи со навестување дека Хабиб Нурмагомедов ќе се врати во ММА.

Сега поранешниот тренер на Хабиб ги разоткри гласините за враќањето на Дагестанецот во УФЦ. Во боречките спортови, вообичаено е некој да каже нешто што станува популарно, а потоа да го негира. Таков е случајот со Мендез, кој сега вели дека Хабиб никогаш нема да се бори.

Нурмагомедов се повлече од УФЦ откако го победи Џастин Гејџи на УФЦ 254 во 2020 година. Неговото предвремено пензионирање беше поттикнато од потресната загуба на неговиот татко, Абдулманап Нурмагомедов.

Чаел Сонен почна да зборува за тоа дека Хабиб можеби ќе се бори на УФЦ 300 во април против Леон Едвардс. Сето тоа се неосновани тврдења кои Мендез ги демантира.

„Престанете со сите овие глупости за Хабиб да се врати и да тренира. Такво нешто не се случило. Не разговараме за тренинзи. Не сме го направиле тоа. Нурмагомедов се уште стои на она што го кажа.

Своето време го посвети на семејството. Хабиб не работи со соборците. Тој никогаш нема да се бори. Колку што знам, никогаш не се зборувало за тоа. Не сме кажале ништо за борба.

Тренираме заедно, всушност, но паравм кардио. Запрете ја мамката за кликнување“, изјави Мендез.

Реално, Мендез е виновен за овие гласини, бидејќи се започна од него. Тој рече дека Хабиб почнал да тренира со него. Двајцата тренираа заедно само кога Хабиб се подготвуваше за борба. Сепак, тој и ветил на мајка си дека нема да се бори и веројатно нема да го прекрши ветувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON