За помалку од два месеца, на 7 април УФЦ 223 ќе не направи сведоци на една од најчеканите битки во историјата на ММА, Хабиб Нурмагомедов против Тони Фергусон, борба која веќе три пати не може да се одржи. По сè изгледа овој пат се е во ред и конечно ќе може да ги видиме двајцата најдобри борци во лесна категорија.
Тренерот на Хабиб, Хавиер Мендез, за очекувањата вели:
„Сигурен сум дека средбата ќе се случи. Хабиб е во најдобра форма во кариерата. Тој се оперираше, здрав е, може да ја симне килажата и се е во ред. Тој добро е подготвен и физички и психички. Што да очекуваме ? Ќе има огномет и Тони ќе биде смачкан. Жалам што го кажувам ова, но тоа ќе се случи“.