Рускиот ММА борец, Сергеј Харитонов откри скандалозен инцидент со неговиот сонародник и колега Александар Емелијаненко.
„Тој е подготвен да удари жена и да ти се плукне в лице. Неодамна разговарав со маж од руската самбо репрезентација. Емилијаненко се опил и се обидел да ја силува сопругата на еден од членовите на националниот тим”, откри Харитонов и продолжи: „Тоа не е единствен случај. Постојано се изложува. Тој човек е опасен за општеството. Се опива и започнува да бидува насилен, се тепа и слично. Овој човек е предавник. Не го признава ниту знамето, ниту роднините”.