Хари: Рико во К-1 деновите никогаш немаше да биде шампион, ќе го нокаутирам во првата рунда (ВИДЕО)

badr-hari-naostren

Иако Рико Верховен е актуелен шампион на Глори и борец кој во последните настапи делува незапирливо, Бадр Хари со тоа воопшто не се замара. Дури, еден од најпопуларните светски кикбоксери е убеден дека Рико ќе падне пред истекот на првата рунда.

„Човек што сум каков што сум, а како борец секогаш одам во нокаут, тоа ми се допаѓа. Секогаш одат на убиство. Не верувам дека во втората рунда. Секогаш сум многу експлозивен, секогаш сум многу гладен. Секогаш сум за добра борба. Во рингот сакам само да ги победам луѓето. Јас сум емотивен човек“, се опиша Хари.

Во холандско-мароканскиот борец не е нервозен, а навивачите им ја кажа и својата прогноза за пресметката што нè очекува на 10 декември во Оберхаузен.

„Не сум нервозен поради борбата. Ќе ви кажам, не сум нервозен поради исходот. Знам дека ќе го нокаутирам. Наострен сум, фокусирани, но не и нервозен“, изајви и уште еднаш повтори дека ќе го нокаутира во првата рунда и дека за овој меч не му е потребен план Б.

Бадр смета дека со 31 година е поопасен отколку што бил на 26, најмногу поради тоа што сега е многу помудар. Нагласува дека за тешка категорија се уште е млад и дека може да се бори дури пет пати годишно ако го сака тоа. Со тие изјави всушност ги критикуваше оние кои мислат дека тој е во категоријата на постарите борци.

Златни денови на овој спорт се зад нас и никој не бега од овој факт, па така ниту Хари, кој во оваа пригода коментираше како бо изгледал Верховен со некои од неговите претходни противници.

„Рико никогаш немаше да биде шампион да се бореш во деновите на К-1. Тоа може да го кажам со сигурност. Бидејќи конкуренцијата беше многу голема и момците беа многу силни. Немаше да биде шампион, ќе беше добар борец“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON