Хаос на мерењето! Светкаа тупаници во тепачка пред настанот на БКФЦ, еден борец шокираше со својот потег! (ВИДЕО)

Вечерашниот настан БКЈФЦ Фајт најт во Холивуд е предводен од борбата во лесна категорија меѓу Луис Паломино и Хауард Дејвис во главниот настан на вечерта. На вчерашното мерење, пак, „шоуто“ го украдоа тешкашите од борбата за титулата – Кубанецот Леонардо Пердомо и Французинот Стив Херелиус – меѓу кои дошло до физичка пресметка по мерењето, при што Херелиус во еден момент дури се обидел да ја употреби вагата како оружје.

На крајот од мерењето, Пердомо и Херелиус, како што обично се случува, се фотографираа, но во исто време постојано се провоцираа. По нивната вербална размена, сепак, имало и физичка. Најпрво Херелиус замавна со раката и го „удри“ Пердом по носот, на што тој одговори – со лево кроше во главата. Тогаш интервенирале луѓето од нивните тимови и обезбедувањето и почнале да ги раздвојуваат, а Херелиус бил толку бесен што сакајќи да одговори на ударот што го добил, ја грабнал вагата од подот и почнал да ја употребува кон противникот, но поради навремената реакција на толпата, сепак не успеал да го реализира својот план. Како изгледаше целата оваа хаотична низа можете да погледнете во следното видео.

https://twitter.com/full_send_mma/status/1905027301840195663

Инаку, Пердомо е непоразен во досегашните шест борби со „голи раце“ и во сите шест наврати имаше нокаут, додека Херелиус водеше два боксерски меча без ракавици и постигна половичен успех, односно една победа (со поделена одлука) и еден пораз (со нокаут).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON