Мајкл Хантер (16-1, 11 КО) боксираше против Фабио Малдонадо (26-3, 25 КО) за настанот во Оксон Хил.
Борбата меѓу 30-годишниот американски тешкаш и поранешниот УФЦ борец во целост беше губитнички.
Од првите моменти се виде дека 39-годишниот Бразилец нема добро да си помине со Хантер. Успеа да ја преживее првата рунда, по која веќе беше добро разнишан. По серијата удари, вториот судија го прекина нападот на Хантер и му броеше на Малдонадо. Набргу потоа дојдоа уште два нокдауни и мечот беше прекинат.
„Баунти“ Хантер, кој единствениот пораз го доживеа во борбата за титулата во лесно-тешка категорија од Александар Усик ова му беше пета последователна победа по премиенот во тешки категорија.
Малдонадо, кој има целосно надуван скор направен на дебитанти и нискоразредна класа на борци, ова му е трет последователен пораз.
Во главната борба на вечерта 20-годишниот Девин Ханеј (22-0, 14 КО) во седмата рунда со одличен удар го нокаутира шест години постариот Мексиканец Антонио Морана (24-4, 17 КО) и направи нов чекор во борбата за титулата во лесна категорија.