Непоразениот чеченски борец во средна категорија на УФЦ, Хамзат Чимаев, рече дека ќе стане шампион оваа година.
Да потсетиме, последната борба на Чимаев беше против Роберт Витакер на турнирот УФЦ 308 во октомври 2024 година. Тогаш Чеченецот го победи поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ со завршница во првата рунда. Подоцна се дозна дека Витакер има скршена вилица.
„Борз“ неодамна изјави дека по реваншот меѓу Дрикус ду Плесис и Шон Стрикленд сака да се бори со шампионот за титулата. Тој е категоричен дека годинава ќе освои злато и никој нема да го спречи.
„Со дозвола на Алах во 2025 година ќе го земам овој појас. Никој нема да може да ме спречи“, напиша Чимаев на социјалните мрежи.
View this post on Instagram