Хамзат Чимаев навести дека негов следен противник ќе биде актуелниот шампион во средна категорија, Дрикус ду Плесис.
„Борз“ на својата страница објави фотографија од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како покажува со прст кон некого и го означи официјалниот профил на Ду Плесис на социјалната мрежа X. Овој навестување јасно укажува дека следниот противник на чеченскиот борец би можел да биде шампионот на УФЦ. Сепак, Чимаев набрзо потоа ја избриша објавата.
https://twitter.com/ChampRDS/status/1863592920881733792
Двајцата борци сакаат да се вратат во февруари, но се уште нема официјална информација од УФЦ. Се очекува во наредните недели да стане познато дали овој меч ќе се одржи.