Хамзат Чимаев сподели објава на социјалните мрежи и ги инспирираше своите фанови.
Чеченската ѕвезда се закани дека наскоро ќе се врати и ќе покаже кој е крал во УФЦ. Минатиот месец, Чимаев требаше да влезе во кафезот за да се бори со Роберт Витакер. За жал, „Борз“ заврши во болница и мораше да се повлече од борбата.
Така, пропушти шанса да добие шампионска борба совладувајќи го Австралиецот. Многу фанови беа разочарани од уште една борба во која Чимаев не успеа. Сепак, тој е дециден дека ќе направи враќање и ќе им покаже на сите дека е број 1.
„Тешките времиња прават силни мажи. Никогаш не ми било лесно и не очекував дека ќе ми биде полесно. Наскоро повторно ќе им покажам на сите кој е крал овде“, напиша Чимаев на социјалните мрежи.
View this post on Instagram