Хамзат Чимаев му предложи Чеченец на УФЦ со скор 23-0

Хамзат Чимаев понуди сонародник на УФЦ, кој исто така нема пораз во кафезот. Чимаев го повика Дана Вајт да му даде шанса на Хусеин Асхабов во УФЦ. Тие моментално се заедно на Тајланд и се подготвуваат за нивните идни настапи.

Хусеин Асхабов е 26-годишен Чеченец кој живее во Франција. Тој има скор од 23-0 во ММА и има завршено 16 од неговите мечеви. Асхабов е светски шампион во граплинг и француски ММА шампион.

Асхабов последен пат се натпреваруваше во ВВФЦ/ WWFC во 2020 година и го победи Висајтов со нокаут со летечко колено во првата рунда. Хусеин се натпреварува во петел категорија и сигурно ќе се приклучи на УФЦ во блиска иднина.

„Дана Вајт, Хусеин Асхабов има скор од 23-0 во ММА и не е шега. Нека размачка некого“, напиша Чимаев за Асхабов на социјалните мрежи.

Еве видео со некои од најдобрите моменти на Асхабов:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON