Хамзат Чимаев: Колби Ковингтон ми откажа 4 пати

Хамзат Чимаев тврди дека Колби Ковингтон четрипати одбил да се бори со него.

Во последните месеци постојано се зборува за борба меѓу нив двајцата. Дана Вајт зборуваше дека сака да ги спротивстави во полусредна категорија. Ова би била борба која би го дала предизвикувачот за титулата.

За жал, веќе не се зборува за ваква битка. УФЦ сакаше Ковингтон да се бори со Белал Мухамед. Така Чимаев падна во немилост и сега бара борби во средна категорија. Хамзат се реши за Роберт Витакер, кој е подготвен да се соочи.

„Дали е вистина дека ми понудија четири противници? Да, и јас се согласив на сите борби. Дали беше во различни категории? Да, бев подготвен да се борам во полутешка категорија откако се повреди Јиржи Прохаска.

Таму не сум се борел и ме одбија. Дали Ковингтон одби? Да, четири или пет пати одби. Му испратија договор, ми го испратија и мене. Имаше конкретна понуда за борба. Тој не сака. Бев подготвен за секоја средба.

За мене Колби е многу удобен противник, борец. Но, јас сум подобар од него во борби и посилен“, изјави Чимаев во интервјуто на каналот на Капетан Хардкор на Јутјуб.

Останува да видиме кој ќе биде следен за Чимаев во УФЦ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON