Хамза Јашари неодмана во Загреб го освои вториот златен медал за три месеци и еден сребрен од Европските џудо купови. За ова злато влијание има и „неуспехот“ во Истанбул да запне машки во Загреб и да го освои златниот медал со импозантен скор од пет ипони и два вазари. Сигурно дека и чувствата кај овој млад спорист сега се поинкави.
„Влогот од редовните тренинзи и посветеноста излегуваат на површина. Се чувствувам одлично на татамите и со нетрпение ја очекувам секоја наредна борба. За одличните резултати заслужни се моите спаринг партнери и тимот кој работи со мене, мојот тренер Игор Паскоски и ИЏФ експертот Габриел Сапта. Имам голема поддршка од семејството, мојот клуб Миоки и, секако, Џудо федерацијата на Македонија“, вели Хамза Јашари.
Сега и средината во која живее и учи гледа поинаку на него. Но за некои работи како да не се има разбирање ако сакаме да имаме врвни постигнувања.
„На училиште секогаш работите не се како што посакувам, не секогаш професорите имаат разбирање за цената што еден ученик-спортист мора да ја плати за да успее да ја претстави својата држава во најдобро светло. Имам изостаноци од наставата, но се трудам сето тоа да го компензирам. Сепак, потребно е институциите да имаат поголемо разбирање за нас спортистите“, истакнува нашиот перспективен џудист и сериозен кандидат за младинските Олмписки игри во Буенос Аирес оваа година, Хамза Јашари.
Ipon.mk