Хамза Јашари освои бронза со златен сјај и испиша историја на македонското џудо на ЕП!

Хамза Јашари (-66 кг) испиша историја на македонското џудо освојувајќи го првиот европски медал. Бронзата на нашиот репрезентаивец имам сјај на злато.

Тој на Европското џудо првенство кадети во Сараево, Босна и Херцеговина извојува победа над Германецот Денис Мауер со ипон. Тоа беше ефектна победа за неколку секунди, околу 13.

Вкупниот скор на Хамза Јашари на ЕП е 5 ипони и 2 вазари поени.

 

Претходно Јашари извојува победи против Артјос Хоменко од Латвија со 1 ипон, над Даријан Фалетар (Босна и Херцеговина) со ипон и вазари, а загуби од Шпанецот Хавиер Пена Инсаусти со ипон. Сепак, во репасажот нашиот џудист извојува победи над Космин Букатару од Романија со ипон и Умалт Демирел од Турција со ипон и вазари и си обезбеди борба за третото место.

Да потсетиме дека Хамза Јашари на Европските купови освои три медали – 2 златни и 1 сребрен. Златните медали ги освои во Загреб 2018 и Гиор – Унгарија 2017, а сребрениот на Фолоника 2018 во Италија, додека на Африканскиот куп во Тунис 2018 го освои сребрениот медал.

Резултати
-66 кг – 35 натпреварувачи
Хамза Јашари – Артјос Хоменко (Латвија) 1-0 (ипон)
Хамза Јашари – Даријан Фалетар (Босна и Херцеговина) 1,1-0 (ипон, вазари)
Хамза Јашари – Хавиер Пена Инсаусти (Шпанија) 0-1 (ипон)
Репсаж
Хамза Јашари – Космин Букатару (Романија) 1-0 (ипон)
Хамза Јашари – Умалт Демирел (Турција 1,1-0 (ипон, вазари)

За бронза
Хамза Јашари – Денис Мауер (Германија) 1-0 (ипон)

Борбата на Јашари може да ја погледнете на 2:53:00.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON