Репрезентативецот Хамза Јашари (-66 кг) ќе се бори за бронзениот медал почнува Европското првенство во џудо за кадети вo Сараево, Босна и Херцеговина.
Хамза за бронзата ќе се бори со Германецот Денис Мауер.
Јашари извојува победи против Артјос Хоменко од Латвија со 1 ипон, над Даријан Фалетар (Босна и Херцеговина) со ипон и вазари, а загуби од Шпанецот Хавиер Пена Инсаусти со ипон. Сепак, во репасажот нашиот џудист извојува победи над Космин Букатару од Романија со ипон и Умалт Демирел од Турција со ипон и вазари и си обезбеди борба за третото место.
Резрат Хусени и Еди Шерифовски беа поразени во првото коло.
Да потсетиме дека Хамза Јашари на Европските купови освои три медали – 2 златни и 1 сребрен. Златните медали ги освои во Загреб 2018 и Гиор – Унгарија 2017, а сребрениот на Фолоника 2018 во Италија, додека на Африканскиот куп во Тунис 2018 го освои сребрениот медал.
Резултати
-60 кг – 39 натпреварувачи
Резарт Хусени – Гиорги Шатмари (Унгарија) 0-1 (ипон)
-66 кг – 35 натпреварувачи
Хамза Јашари – Артјос Хоменко (Латвија) 1-0 (ипон)
Хамза Јашари – Даријан Фалетар (Босна и Херцеговина) 1,1-0 (ипон, вазари)
Хамза Јашари – Хавиер Пена Инсаусти (Шпанија) 0-1 (ипон)
Репсаж
Хамза Јашари – Космин Букатару (Романија) 1-0 (ипон)
Хамза Јашари – Умалт Демирел (Турција 1,1-0 (ипон, вазари)
–73 кг – 42
Еди Шерифовски – Камерон Чарлс (Велика Британија) 0-1 (ипон)
Ipon.mk