Хамза Јашари ја предводи репрезентацијата на Европското џудо првенство за кадети

Утре ва Сараево, Босна и Херцеговина, почнува Европското првенство во џудо за кадети накое ќе настапат тројца наши натпреварувачи предводени од извонредниот Хамза Јашари. Покрај него на ЕП од 28 до 30 јуни боите на Македонија ќе ги бранат Резрат Хусени и Еди Шерифовски.

Нашата најголема надеж е Хамза Јашари кој на Европските купови освои три медали – 2 златни и 1 сребрен. Златните медали ги освои во Загреб 2018 и Гиор – Унгарија 2017, а сребрениот на Фолоника 2018 во Италија, додека на Африканскиот куп во Тунис 2018 го освои сребрениот медал.

Тренерот Игор Паскоски верува дека нашите џудисти ќе го дадат максимумот и ќе ја израдуваат македонската јавност.

Распоред

-60 кг – 39 натпреварувачи

Резарт Хусени – Гиорги Шатмари (Унгарија)

-66 кг – 35 натпреварувачи

Хамза Јашари – Артјос Хоменко (Латвија)/Ставрос Думас (Грција)

-73 кг – 42 натпреварувачи

Еди Шерифовски – Камерон Чарлс (Велика Британија)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON