Халил Раунтри ја загуби борбата за титулата во полутешка категорија против Алекс Переира во октомври оваа година.
Сепак, Американецот не жали за овој пораз, бидејќи смета дека со самата борба докажал дека припаѓа на врвот во оваа категорија. За време на настанот УФЦ 307 кој се одржа на 5 октомври во Солт Лејк Сити, Раунтри се обиде да го земе шампионскиот појас од Переира. На крајот, сепак, не успеа, но доби нови фанови поради што се бореше со срце.
Пред судирот имаше критики во врска со оваа борба. Луѓето истакнаа дека Халил беше само осмо рангиран во полутешка категорија и не заслужуваше да се бори за појасот. Самиот Раунтри верува дека ги демантирле критичарите со прикажаното во кафезот. Во интервју објавено на каналот Фајт енргџи, тој изјави:
„Стоејќи во кафезот чекајќи го Алекс, се чувствував среќен. Дури и кога ме победи во четвртата рунда, јас бев само среќен. Така се чувствував целата борба. Се чувствував како да сум таму каде што треба. Бев таму каде што Требаше да бидам тоа место, беше како остварен сон“.
Поразот од Переира ја прекина серијата од 5 победи на Раунтри.
View this post on Instagram