Хајруш Синани: ФБСМ да биде поактивна на дело, а не со зборови!

Sinani 8 septemvri
Државна награда „8 Септември“ 2012 година

Во аналите на македонското борење името на Ајруш Синани (1947) ќе биде запишано со златни букви, затоа што од неговата тренерска работа произлегоа големи асови на борењето, не во македонски и југословеснки, туку светски рамки. За тренерската работа, но и кариерата на борач, тој во 2012 година ја доби државната награда „8 Септември“ и и во 2011 година наградата за животно дело на град Скопје „13 Ноември“.

sinani 8 septenvri os nase i vu;iodlov
Добитници на „8 Септември“ 2012 година

Синани со борење почнува за се занимава во 1954 година во Боречкиот клуб Металург од Скопје, кој е во состав на Железарницата, кој подоцна го менува името во Скопје, па во МИК. Тој бил државен првак, а имал успеси и на меѓународните турнири (Дан Колов, Јашар Догу и др.), како член на репрезентацијата на Југославија. Како тренер на репрезентацијата ја предводи на Спартакијада во Москва и во Франција на „Лермонт Феран“.

Тренерската кариера ја зпочнува 1977 година во БК Лирија од Скопје, каде и што ја звршува во 2002 година. Токму во истата година, по два мандати, го завршува и членувањето во Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ)

Sinani se dere

Неговите борачи освоиле преку 40 медали на Олимписките игри, Светските првенства, Европските првенства, Медитеранските игри и Балканските превенства, но и многу државни титули. Лирија во 1983 година е шампион на Југославија.

„Една третина од медалите на Македонија за времето на СФР Југославија се освоени од борачите на Лирија“, истакнува искусниот стратег.

Sinani Liria sampion na jugslavija
БК Лирија шампиона на Југосалвија 1983 година

Под негово раководтсво се прославиле многу борачи, а најпознат, вооедно и најуспешен, е олимпискиот шампион Шабан Трсетна, потоа следуваат Бајрам Чероли, Абдула Мемти, Аднан Елези, како и Рефик Мемиши од помладите генерации.

По сите овие успеси во 2002 година става крај на боречката кариера.

„Самиот решив да се пензионирам. Видов дека веќе немаше желба за постигнување на резултати. Повеќе немав желба. Се заститив. Тешко се работи во такви услови. Сум имал среќа што во тие години работев како тренер. Борачите сакаа да постигнуваат резултати, а и јас сакав да бидам прв. Секогаш сум велел дека треба да се работи. Потребни се двајца-борач и тренер, кои ќе се жртвуваат за успехот“, вели искусниот стратег.

Hajrus so Saban trstena precek
Пречек на олимпискиот шампион Шабан Трстена 1984 година

Во последните 10-15 години имаме пад на најуспешниот спорт и никако да се вратиме на патеките кои носат успех.

„Од 2000 година наваму имаме поголем пад, затоа што многу се сменија, и во однос на финанисрањето и во однос на спортот. И борачите и тренерите работата ја гледаат само низ призмата на парите. Порано не беше така. Додека беше претседател на УО до 2002 година, Петар Ганчевски, беше добро. Откако го сменија него работите тргнаа на надолу. Агенцијата за млади и спорт престана да ги финансира професионалните тренери. Сите клубови во внатрешноста згаснаа затоа што немаше услови и пари. Згора на тоа и општините престанаа да ги финасираат клубовите“.

И покрај се, се поставува прашањето има ли надеж за македонското борење да се врати на патеките кои носат успеси? Дали полседниот Македонски бисер остава таков впечаток?

„Ги следам случувањата во борењето. Има деца/борачи, но треба да се работи. Двјацата треба да сакаат резултат, и тренерот и борачот. Сега младите помалку се разгалени. За да се постигне успех,  потребни се макотрпна работа и многу жртвувања, односно одрекувања. Секогаш сум бил оптимист, но и против носењето на борачи од странство, зашто и кај нас има квалитетни деца. Резултат секогаш може да се постигне со многу работа и помош од државата“.

sinani liria mladi
Лирија помлада генерација

Сепак падот не е само кај боречкиот кадар, туку и кај тренерскиот. Според Синани, нормално е да има пад, кога има целосен пад на спортскиот систем. Основното мото на сите било да работат за пари.

„Ако државата не финансира тогаш во спортот нема успеси, а, се знае, афирмацијата е преку борењето. Во борењето има политика, при што некои работи се избегнуваат, особено кога треба да се постигнат резултати. Треба амбициозна работа, а поинаку една федерација не може да очекува резултати“.

Sinani so boreckite legendi
Со великаните на македонското борење

Синани забележува дека порано на Македонскиот бисер учествувале по три репрезентации од Македонија. Ако се направи споредба, вели тој, ќе се види дека сега на целиот турнир има само 26 борачи.

„За мене е виновна ФБСМ, ако не може да им обезбеди лиценци на борачите да се борат на домашен терен. Каде ќе се борат на друго место? Инаку, на 39. Македонски бисер имаше квалитетни борби, и од нашите и од странските борачи“.

Тој и порачува на ФБСМ да бидат малку поактивни на дело, а не со зборови. И дека со една акција не се доаѓа до резултати. Од друга страна, нагласува дека оваа година борачите имаа малку повеќе подготовки, благодарение на Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт, но дека тоа што го финансираат не е доволно. Препорачува Управниот одбор на ФБСМ да оди во другите клубови во Неготино, Пробиштип, Струмица, Скопје, за да се активираат.

sinani so sabanovci
Со олимпијците Шабан Трстена и Шабан Сеиди

„Ја сум оптимист! Во борењето има таленти, само треба да се работи. До некаде може да се пофалат дека има услови, пред се, Лирија, Балканец и Бучим. Фактичи, овие три клуба работат. Федерацијата треба да ги активира клубовите, а со време ќе се постигнат резултати. Сепак, потребна е помош и од државата и од општините, зашто афирмацијата на државата е преку борењето-спортот“.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON