Хадис Рамадани загуби од Џонатан Семинарио од Перу на на Светското мај тај првенство во Канкун, Мексико.
Селекторот Дејан Митровски – Урко вели дека Рамадани бил потехничар и имал чисти удари, но не врзувал серии, додека противникот поактивно се борел.
Денеска настапува Бобан Илиоски против Џондсон Медеирос (Бразил).
За медали се борат 404 спортисти од 78 земји.
Резултати
-67 кг Б класа
Хадис Рамадани – Џонатан Семинарио (Перу) 27-30
-81 кг Б класа
Бобан Илиоски – Џондсон Медеирос (Бразил)
-86 кг Б класа
Димитар Ѓоргиев – чека противник 16 мај
Да потсетиме дека СП по покана од IFMA/ИФМА (Светската федерација за мај тај аматери), раководството на КБФМ присуствува и на годишниот спортски форум посветен на размена на култури и културни вредности, спорт и социјални средби, при што Македонија ќе биде примена како рамноправна членка. СП е прв квалификационен натпревар за следните Светски боречки игри, а првопласираните ќе се квалификуваат на овој долго очекуван настан.
Ipon.mk