Хадис Рамадани на Европското првенство во кик бокс за јуниори кадети во Сан Себастијан, Шпанија, го освои бронзениот и беше близу за пласман во финалето, со што ќе го подобреше минатогодишниот успех.
„Задоволен сум од постигантиот успех во Шпанија. Да се пласирав во финалето, мое лично мислење е, дека физички бев подготвен, но оклностите беа такви. Да не заборавиме дека мојот противник во 2014 година беше светски првак. И сега победи во финалето и стана европски првак“, истакнува Рамадани, откако легнаа работите и се средија мислите.
Тој вели дека нема да учествува на Државното првенство на 19 септември, затоа што се уште е јуниор.