За нашиот кикбоксер Хадис Рамадани нема одмор, по двомечот Палмини тигрови – Македонија во Србија, овој викенд ја има седмата професионална борба во Швајцарија.
Рамадани на 23 септември во Фридихафен на „Фајт најт“ се бори против Марко Дмитровиќ во организација на ВКУ-Швајцарија.
„Противникот има професинолани борби и во кик бокс и во бокс. Очекувам кфалитетна борба. Ова ми е 7 професинолана борба и ја очекувам 7 победа“, вели Хадис Рамадани кој му заблагодарува на неговиот тренер Дејан Митровски – Урко за поддршката и упорните тренинзи.
„Многу голем потенцијал. Има добар приод кон борбата, максимално се внесува и концентрира, смирено работи и го наметнува неговиот стил на борба. Верувам во него и верувам дека ќе победи, а и ќе има големи достигнувања во спортот“, истакнува неговиот тренер Дејан Митровски – Урко.
Ipon.mk/В.Д.