Хабиб зеде сè од Мек Грегор, дури и неговата машкост

Али Абделaзиз, кој е поранешен менаџер на поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, Русинот Хабиб Нурмагомедов, смета дека токму поразот од Хабиб засекогаш го променил познатиот ирски УФЦ борец Конор Мек Грегор.

„Поминаа шест години откако Конор му ја даде душата на Хабиб. Му зеде сè, вклучително и неговата машкост. Мек Грегор никогаш не бил и нема да биде ист после таа борба“.

„Хабиб зеде сè од овој човек. Секој пат кога Конор ќе се погледне во огледало, се сеќава на момчето од Дагестан со капа. Хабиб го уништи“, ја пренесува изјавата на Али Абделазиз порталот ММА Фајтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО