Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов збесна кога новинарот го праша за неговиот татко, кој исто така беше и негов тренер, кој почина по борбата со коронавирусот.
Нурмагомедов беше лут затоа што често мораше да одговора дали му е тешко.
„Не разбирам зошто толку многу луѓе ме прашуваат истото. Што мислиш? Секако дека ми е тешко. Дали имате татко? Како ќе се чувствувате ако нешто му се случи? Ќе ви биде лесно или тешко? Јас сум исто така личност и тешко ми е во вакви случаи. Се надевам дека никој повеќе нема да ме праша за ова“, беше лут Нурмагомедов на онлајн интервју.
https://twitter.com/KrayT1to/status/1312014521217757184?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1312014521217757184%7Ctwgr%5Eshare_3&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fxabib-pobesnya-sled-vpros-za-bashha-mu-video%2F