Хабиб за Фергусон: Му посакувам се најдобро! Неговиот живот само што почнува

Хабиб Нурмагомедов со коментар за Тони Фергусон кој влезе во серија од 8 последователни порази.

Изминатиов викенд „Ел Кукуј“ загуби со завршница од Мајкл Киеза во првата рунда. Тоа се случи на гала вечерта на УФЦ во Абу Даби. Со овој пораз Тони е борецот со најдолга серија на порази во историјата на организацијата. По борбата, Тони изјави дека не планира да престане да се бори.

Се надева дека ќе му дадат повеќе борби за УФЦ, а ако тоа не се случи, тогаш ќе бара друга лига. Нурмагомедов и Фергусон во минатото требаше да се пресметаат 5 пати, но за жал нивната средба пропадна. Ова е една од најголемите битки што никогаш не се случила.

Двајцата се навредуваа во минатото, но Нурмагомедов повеќе не му држи лутина на Тони и му посака најдобро:

„За мене не е изненадување бидејќи има 40 години. Сакам само да му посакам се најдобро. Тој е навистина еден од најдобрите во историјата на УФЦ. Неговиот живот допрва започнува бидејќи има само 40 години и штотуку ја заврши ММА кариерата. Сега ќе биде поинаков живот, многу подобар живот.

Се разбира, во најдобрите времиња, на мојот и неговиот врв, требаше да биде многу интересна битка. Но, што можам да направам? Така и се случи. Тој имаше неколку повреди, јас имав неколку повреди. Тоа е она што е. Понекогаш имаме планови, но Бог има свој план и ние не можеме да го контролираме тоа“, рече Хабиб.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON