Непоразениот шампион во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов смета дека времето на Александар Емилијаненко е поминатој. На крајот на минатиот месец, 39-годишниот ветеран се бореше со Магомед Исмаилов и се претстави во очајно издание. Исмаилов го разнесе и не му даде шанса. Магомед, го победи со нокаут во третата рунда, а тоа беше прв пораз на Емелијаненко во шест години.
Александар се раздели со серија од пет последователни победи со нокаут и посака реванш за да се реванѓира. Си замина со скршен нос и сериозно понижување. Емилијаненко заврши 25 од своите 28 ривали, но не покажа ништо против Исмаилов. Нурмагомедов смета дека Емелијаненко е завршена приказна и се потпира само на неговото име од пред неколку години.
„Мага беше многу добро подготвен и добро се бореше. Мислам дека Александар не беше подготвен. Тој веќе е во години и времето му мина. Се разбира, тој сè уште е име. Емилијаненко е силно име во ММА. Исмаилов беше многу добро подготвен. Се расправавме со Ризван Магомедов за битката меѓу нив. Му реков дека Магомед ќе доминира, а тој мислеше дека Емилијаненко ќе победи.
Мислев дека ќе биде многу лош меч за Емелијаненко, затоа што не може да се брани рушење. Магомед е добар борец и неговата борба е на добро ниво. Згора на тоа, тој е добар борец и генерално непријатен противник за Александар. На Исмаилов ќе му биде многу тешко ако се бори со Шлеменко. Не бев изненаден што Магомед успеа да го победи Емелијаненко. Бев изненаден што цело време доминираше со него“, изјави Хабиб за битката помеѓу Емелијаненко и Исмаилов.
https://www.instagram.com/p/CCxdje-iFrk/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CD1Up_QCb_C/?utm_source=ig_embed
.