Хабиб Нурмагомедов изненади многумина со своето појавување на трибините на еден од легендарните фудбалски стадиони во Италија – „Сан Сeиро“. Тој реши да го гледа дербито во Серија А помеѓу Милан и Рома кое заврши 3-1 за Росонерите.
Легендата на мешаните боречки вештини никогаш не криел дека е голем љубител на фудбалот. Тој дури често игра сам со пријателите, иако не професионално и не на нивото на кое беше во октагонот низ годините.
Во меѓувреме, „Орелот“ се запозна со уште еден од големите пријатели на боречките вештини – Златан Ибрахимовиќ и беше негов почесен гостин. Швеѓанецот има црн појас во теквондо.
𝙄𝙗𝙧𝙖 𝙭 𝙆𝙝𝙖𝙗𝙞𝙗 nel prepartita di #MilanRoma 👀 pic.twitter.com/HqXToEZold
— Lega Serie A (@SerieA) January 14, 2024
Legend recognise legend 👏#MilanRoma #SempreMilan pic.twitter.com/9YkgmcACRu
— AC Milan (@acmilan) January 14, 2024