Хабиб Нурмагомедов утре ги почнува подготовките за супердербито со Тони Фергусон за титулата во лесна категорија на УФЦ. Борбата ќе се одржи на 18 април во Њујорк.
„Хабиб во моментов е во Мека“, истакна таткото на руската ѕвезда Абдулманап Нурмагомедов и додаде:„Тој ќе поготвува дома во Дагестан. Ги има сите услови тука. Се чувствува пријатно“.
Последниот меч на Нурмагомедов беше во септември. Ја одбрани титулата против Дастин Пориер – Дијамантот и ја продолжи феноменалната низа без пораз во ММА битките. Досега Орелот има 28 победи на 28 меча.