Хабиб: Тони Фергусон е подобар борец од Конор Мек Грегор

Хабиб Нурмагомедов за некој ден ќе се бори со Тони Фергусон за привремената титула на УФЦ во лесна категорија.

И двајцата се во неверојатни победнички серии, поради што нивниот меч се очекува со голем интерес од страна на навивачите. Се очекува победникот од средбата да се добие дуел со шампионот во категоријата Конор Мек Грегор.

Зборувајќи за претстојната средба, Хабиб не пропушти да упати уште еден вербална шлаканица на адреса на Ирецот, критикувајќи ја „шампионската“ победа над Еди Алварез.

„Мислам дека ова ќе биде вистински дуел за титула. Не ми е гајле за Конор Мек Грегор. Знаете дека чичко Дана му даде подарок. Ги прескокна сите предизвикувачи во категоријата за да се бори за титулата. Не можам да го разберам овој натпревар. Тој неколку пати го погоди Еди Алварез, а Алварез постојано паѓаше на подот. Барем за мене, тоа е лажиран меч“.

„Сега имаме вистински дуел. Ова е дуел за луѓето. Еден од најголемите натпревари во 2017 година, еден од најголемите натпревари на УФЦ. Да не мислите дека во моментов ми е гајле за некого друг? Се разбира дека не. Серијата ќе ми биде 25 победи. Ќе го земам појасот и ќе станам шампион, а потоа ќе видиме што ќе се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON