Иако многумина очекуваа Хабиб Нурмагомедов да потклекне под барањата на јавноста и да се врати во октагонот, Дагестанецот нема да го прави тоа затоа што како што уште еднаш посочи пензионирањето од УФЦ спортот е негова последна одлука.
По смртта на неговиот татко Абдулманап кој беше и негов татко, Нурмагомедов се соочи со Џастин Гејчи, а по победата истакна дека тоа ќе биде негова последна борба во овој спорт.
Сега, во најновото интервју Хабиб посочи дека ваквата одлука ја донел најмногу поради неговата мајка, со која има неверојатен однос и која многу патела кога тој заминувал на тренинг кампови или на борби.
„Тешко е кога ја имаш силата, кога си најдобар во светот, кога си познат и кога имаш пари. Ова е тешко, луѓето можеби никогаш нема да ме разберат, но јас сам си ја поддржувам мојата одлука. Сите ги знаете моите гледишта и мојот однос со мајка ми, јас едноставно морав да запрам. Чувствував дека со секоја борба, со секој мој тренинг камп, се тоа одземаше по некоја година од мојата мајка. Знаете, дојде момент кога си помислувате: Што друго треба да сторам? Дојдов во овој спорт да покажам кој сум, да станам најдобар.
Јас сум светски шампион, јас сум број еден. Ја одбранив мојата титула три пати, победив на најголемата борба во историјата на УФЦ. Што друго? Само пари, само борби за пари, не ми требаат борби за пари“, јасен беше Нурмагомедов.