Хабиб смета дека Волкановски ќе биде потежок противник за Ислам Махачев од Оливеира

Најголемата светска ММА организација договори борба меѓу шампионот во лесна категорија Ислам Махачев (23-1) и Австралиецот со македонско потекло  Александар Волкановски (25-1) на настанот УФЦ 284 во Перт на 11 февруари.

Влогот во тој натпревар ќе биде појасот во лесна категорија и првото место во рангирањето на ‘П4П’.

Тоа ќе биде прва одбрана на титулата за Махачев, откако пред еден месец со завршница во втората рунда го совлада Чарлс Оливеира.

Ислам и Александар се во одлична форма веќе една година, Дагестанецот има 11, а австралискиот борец дури 22 победи по ред, 12 откако пристигна во УФЦ.

Поранешниот шампион, а сега успешен тренер Хабиб Нурмагомедов истакнува дека Волкановски е многу поопасен противник за Ислам Махачев од Оливеира.

„Пред последната борба против Оливеира на Ислам му кажав дека Волкановски ќе биде потежок противник. Уште пред борбата мислевме дека Чарлс може да киксне на мерењето, а потоа Александар да скокне“, рече Хабиб Нурмагомедов и продолжи:

„Волкановски и Оливеира имаат богато искуство, но Александар е подобар ако зборуваме за храброст и боречка интелигенција. Верувам дека Волкановски ќе биде потежок противник за Ислам од Оливеира. Ама кому му е гајле, Махачев ќе го доврши“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON