Актуелен шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, раскажа за своето минато кое го дефнира како „насилник во Дагестан“.
Бев многу поуспешен на улицата отколку во училиште. Секојдневно го подобрував моите рекорди на улицата. Многу се тепав и со моите пријатели станавме страв и трепет на улица. Никој не се закачаше со нас. Можев да се тепам со секого и да не се грижам, бидејќи имав цел фудбалски тим за пријатели, подготвени секого да го натепаат и неговите пријатели.
Кога се преселивме во градот ме привлекоа компјутерските игри, нешто што нему се допадна на татко ми. Поминав многу време во компјутерските сали. Бевме трактори, како играчи на теренот за време на фудбалски меч, така и во салата. Одевме таму и баравме слободен компјутер, а кога немаше, тогаш чекавме некоја жртва. Ќе му удревме неколку шлаканици на некого и му го земавме компјутерот. Тоа беше вообичаена практика на Абубакар.
Дефинитивно, тоа не е добра работа и се срамам и ми е непријатно. Накратко ќе кажам дека бев силеџија во Дагестан и се тепав секој ден. Го претепував секого што не ми се допаѓаше. Ако не можев сам, тогаш доаѓаше и Абубакар. Двајцата можевме секого да го натепаме, дури тие и да се повеќе од нас“.
Хабиб во септмеври се враќа во кафезот на нстанот во Абу Даби и најверојатно ќе се бори против Дастин Пориер кој е привремен шампион.