Хабиб се подготвува под будното око на татко му

Хабиб Нурмагомедов веќе е во Обединетите Арапски Емирати, каде ќе ги помине следните две недели подготвувајќи ги најновите детали за претстојната битка со Дастин Пориер во главната борба на УФЦ 242 за обединување на неоспорната и привремената титула.

Голем плус за неспорниот шампион е тоа што неговиот татко Абдулманап Нурмагомедов ќе биде во аголот за прв пат по многу години. Целиот негов тим е веќе составен и се подготвува во спортскиот комплекс НАС под буден надзор на Абдулманап.

„Остануваат уште две недели да се борам и се чувствувам одлично. Татко ми ја контролира ситуацијата“.

https://www.instagram.com/p/B1hUTqLlMYU/?utm_source=ig_embed

Хавиер Мендез, кој е тренер на Хабиб во АКА, исто така е задоволен што за прв пат ќе може да биде во аголот на шампионот со неговиот татко:

„Ќе бидам во аголот со овој одличен тренер и човек. Јас и Абдулманап бевме во аголот на Махачев во Русија. Сега повторно ќе го сториме тоа и за прв пат ќе бидеме заедно во аголот на Хабиб“.

https://www.instagram.com/p/B1hIQ9ZhrMg/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON