Хабиб: Сакам да го заборавам тоа срање со Мек Грегор

Хабиб Нурмагомедов по победата над Дастин Пориер со завршница во третата рудна, односно на идентичен начин како што го совлада Конор Мек Грегор со давење од позади.

Така, Хабиб по втор пат ја одбрани шампионската титула во лесна категорија на УФЦ.

 Хабиб сега има серија од 12 победи без пораз во УФЦ. 

„Сакам да го заборавам тоа срање со претходниот (Мек Грегор) со кој се борев. Јас и Џастин Пориер покажавме дека ММА е спорт во кој треба да има почит а не „плукање“ пред да почне борбата“, изјави Хабиб по завршувањето на борбата.

https://twitter.com/OnMMA/status/1170438620391575552?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1170438620391575552&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D803887

Фановите на УФЦ очекуваат и посакуваат следен негов противник да биде Тони Фергусон, дуел за кој постојано се зборува но никако да се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON