Конор Мек Грегор неодамна објави дека ја прекинува ММА кариерата.
Тој го изненади светот на боречките вештини кога пред неколку дена објави дека заминува во пензија, затоа што многумина очекуваа дека ќе можат да гледаат уште една спектакуларна борба со Хабиб.
Најмногу жали за реваншот против Хабиб Нурмагомедов, кој го победи Мек Грегор во 2018 година. Бараше реванш, но не го доби.
Десет дена по објавувањето на веста за заминување во пензија, Хабиб не можеше ништо друго освен да провоцира. Објави видео од споменатата борба, по која се пресметаа и членовите на тимот, а еден од тимот на Хабиб успеа да го погоди Мек Грегор.
Хабиб го објави ова видео на својот Инстаграм профил со порака „За фановите“.
Многумина веруваат дека така одлучил да ја коментира одлуката на Конор за заминување во пензија.
https://twitter.com/EngMh0/status/1272649334878863361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1272649334878863361&ref_url=https%3A%2F%2Fsupersport.mk%2Fne-mozheshe-da-bide-pobrutalen-kabib-preku-instagram-otkri-shto-misli-za-penzioniraneto-na-mekgregor%2F