Хабиб посакува борба со Мејведер: Може да ме нокаутира за 11 рунди бокс, но во една рунда во ММА не знам што ќе прави

Хабиб Нурмагомедов не сака да се бори против Конор Мек Грегор, но е за пресметка со Флојд Мејведер.

И американската боксерска легенда во изминатиот период покажа интерес за ваква борба, а Нурмагомедов прв излезе со конкретен план – каква понуда би прифатил, комбинација од боксерски меч и ММА-пресметка.

„Секогаш сум велел дека не сум боксер и дека ако некој сака да се тепа со мене, треба да дојде во ММА. Сепак, ако Мејведер е заинтересиран, подготвен сум за исклучок. Ајде да се бориме, 11 рунди бокс и една рунда од пет минути по ММА правила. Не верувам дека Мејведер може да ме нокаутира за 11 рунди бокс. Но, што може да направи за да ме запре за пет минути пресметка по мои правила“, изјави Нурмагомедов.

Рускиот борец следниот месец го очекува дуел со Тони Фергусон, борба закажана за 18 април во Бруклин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON