Шампионот во лесна категорија na УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ги сподели плановите за претстојниот меч со Џастин Гејџи на 24 октомври. Дагестанецот ќе ја брани титулата против противник кој има сериозно искуство во борењето, но тоа не му пречи на којбило начин. Тој за mmafighting.com откри дека не планира ни малку да ја смени тактиката.
„Ништо не се менува. Е, се обидам да се борам против тоа. Ако тој го одбрани моето уривање два или три пати, тогаш ќе се обидам уште сто пати. Секако, ќе се обидам и да го удрам и исклоцам. Тоа ќе биде мешавина од сè“, рече Орелот.
Непоразениот борец во продолжение на интервјуто призна дека Гејџи добро се борел, но не може да се мери со неговите вештини.
„Има добра одбрана и поголем дел од својот живот се бореше. Но, мислам дека не ги искористи своите боречки вештини во последниве години како јас. Секогаш ја тренирам својата борбата. Тоа ме прави шампион. Мислам дека во последните години неговата борба стана послаба“, рече Хабиб, кој досега ги порази сите свои 28 ривали.
Хабиб како слабост на Гејџи ја посочи физичката подготвеност. Тој предвидува дека ако Џастин успее да ги запре неговите напади во првите две рунди, тој во третата ќе биде уморен и откажан.
Хабиб е сигурен и во својата интелигенција во кафезот, тврдејќи дека е попаметен борец од Гејџи.
„Мислам дека мојот борбен коефициент на интелигенција е подобар. Тој е жилав. Ги сака битките и крвта, но јас сум попаметен во кафезот“, рече Хабиб.