Додека Хабиб Нурмагомедов нема намера да се бори за време на Рамазан, „The Eagle“ нема ниту намера да му овозможи на Рафаел дош Ањош да го заборави мечот во 2014 година, кога Нурмагомедов го победи Бразилецот со предавање.
Двајцата не престануваат да си разменуваат вербални напади во медиумите, додека Дош Ањош се подготвува да ја брани титулата во лесна категорија против Еди Алварез на 7 јули. Овој пат Нурмагомедов ја користи социјалната мрежа Инстаграм, за да упати нов удар на адреса на Бразилецот.
„Дош Ањош, сега се обидуваш да направиш сите мои победи да изгледаат како ништо, велејќи дека мојот последен противник не бил доволно добар. Јас не се интересирам за тебе! Ти, сепак, се приклонуваш на нешто, на што јас нема да застанам! Ако ти си мажот, а тврдиш дека си, ќе го прифатиш реваншот. Јас, сепак, гледам дека не сакаш да ја осетиш повторно оваа моќ“.