Непоразен шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов може да се врати во кафезот на УФЦ 236, што ќе се одржи на 13 април. Веста доаѓа од страницата MMA TEAM DAGESTAN, од каде што во последните неколку години се спделуваат веродостојни информации за борците од регионот, а таму за прв пат беше објавенo дека Конор Мек Грегор ќе се бори против Хабиб.
Од страницата велат дека на настанот ќе се случи нешто големо, а тоа е веројатно враќањето на шампионот. Одбиваат да дадат повеќе информации освен датумот, но сите знаци покажуваат дека ова е поврзано со Хабиб и тој ќе се бори во ММА. Неговиот менаџер неодамна изјави дека 100 отсто нема да се бори со Тони Фергусон, затоа што не продавал ТВ – права и друго.
Варијантите за Хабиб во ММА се Конор Мек Грегор или легендата Жорж Сент Пјер, а и двете борби ќе бидат за огромни суми. И Тони е варијанта, но тие не сакаат борба со него. Има опција и за битка со шампионот во перо категорија со Макс Холовеј, со кого Хабиб требаше да се бори во април минатата година, но работите пропаднаа, бидејќи Maкс имаше тешкотии со симнувањето на килажата.
https://twitter.com/MMATeamDagestan/status/1080411912804986880?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkhabib-nurmagomedov-se-zavrashta-na-ufc-236-
https://twitter.com/PughShady/status/1080433476090896386?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fkhabib-nurmagomedov-se-zavrashta-na-ufc-236-
Khabib is supposedly fighting April 13th (UFC 236)
Only opponents that make sense:GSP
McGregor
Ferguson (Management said wasn’t happening)
Who do you guys think it is?
— Collin (@CollinJustin1) January 2, 2019
Ако Хабиб се врати во април, тоа значи дека постигнал договор со Атлетичката комисија и ќе добие шестмесечна казна што ќе му овозможи да се врати во април. Овој настан е соодветен за него, бидејќи во мај започнуваат рамазанските пости, а тоа ќе го отстрани од октагонот неколку месеци.