Освен УФЦ 227, преостанатите во моментов се без хедлајнери и затоа набрзо се очекуваат големи новости.
А дека нешто се случува во таа насока покажува и започнувањето на тренинг кампот од страна Хабиб Нурмагомедов.
„Да, почнав да тренирам. Се чувствувам добро. Фала му на Бога, немам повреди. Тренирам напорно, наутро и навечер, освен во недела. Си дадов одмор за да го гледам финалето“.
Што се однесува до Светското првенство, Нурмагомедов и идниот противник, Конор Мек Грегор, присуствуваа на големото финале, но не се сретнаа.
Иако се уште не е објавено против кого Нурмагомедов ќе ја барни титулата, се зборува дека тоа може да биде Мек Грегор – евентуално на УФЦ 229, што ќе се одржи на 6 октомври.
А, ако не е Мек Грегорr, тоа може да биде Тони Фергусон. Тој требаше да се бори за титулата со Нурмагомедов на УФЦ 223, но поради повреда недела пред настанот беше принуден да се повлече. Ова беше 4-тата пропадната средба меѓу нив двајцата.
Победникот од 13-тата сезона на ТУФ, Фергусон, очекува да се врати во септември и некако очекувањата почнуваат да се редат.
Кој ќе биде следниот противник на шампионот, очигледно нема значење, бидејќи на Нурмагомедов едноставно не му е гајле.
https://www.instagram.com/p/BlJUrjYhIvq/?utm_source=ig_embed
„УФЦ, дај ми го него или следниот на листата – лесната категорија треба да се движи“.
Непоразениот Дагестанец, со 26 победи, ја освои титулата победувајќи го Ал Јаквинта на УфЦ 223.