Тренирањето на борците се покажува како потешко за Хабиб Нурмагомедов отколку неговиот настап како професионален борец. Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија го изјави ова во интервју за ЕСПН.
„Не знаев дека ќе биде толку тешко бидејќи кога се борев ми беше полесно“, рече Нурмагомедов. За време на битките контролирав се што се случуваше. Животот на тренерот е сосема поинаков од оној на борецот. Можам само да зборувам и да им давам совети на моите браќа, но не можам ништо повеќе надвор од кафезот. Ова не е она на што сум навикнат цел живот и за мене тоа е вистинска главоболка“.
Нурмагомедов во октомври 2020 година со гушење во втората рунда го победи Американецот Џастин Гејџи и најави повлекување од спортот. Одлуката ја објаснува со ветување дадено на мајка си. Нурмагомедов стана шампион на УФЦ во април 2018 година кога со едногласна одлука го победи Американецот Ал Јакинта. Подоцна три пати ја бранеше титулата.