УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов и поранешниот шампион Конор Мек Грегор не се сретнаа на финалето на Светското фудбалско првенство во Москва, иако и двајцата беа на трибините на Лужники. Со таа разлика што Конор беше гостин на рускиот претседател Владимир Путин во ВИП ложата, а Хабиб беше обичен посетител.
„Мислев дека ќе се сретнам со Мек Грегор на стадионот. Дури и сега да се сретнеме, сепак, нема да можеме да се разбереме кој е посилен. Ако имаше кафез на стадионот, ќе беше поинтересно. Веќе не сме во позиција да се бориме на улица“, истакна Хабиб Нурамогмедов.
„Ќе беше убаво ако немаше никој наоколу. Или, пак, стадионот да беше полн и во средината да имаше кафез. А ние – во неа. Нека, сега се радуваме на фудбалот, а со него ќе се сретнеме во Лас Вегас“, порача Хабиб.
Пред финалето, Нурмагомедов излезе со прогноза:
„Хрватска е феноменален тим, но Франција е на друго ниво. Се разбира, се ќе се покаже, но очекувам Французите да победат“.
https://www.instagram.com/p/BlQhuPDnix5/?utm_source=ig_embed
.