Хабиб Нурмагомедов: Не можам да бидам пријател со Џон Џонс бидејќи тој е непријател на Кормиер

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов, објави нова објава на социјалните мрежи во која зборува за шампионот во тешка категорија, Џон Џонс. Хабиб и Џонс се сметаат за најголеми борци во историјата на мешаните боречки вештини.

Многу фанови и експерти го нарекуваат секој од нив најголем. Долги години ѕвездата од Дагестан тренираше во Калифорнија со Даниел Кормиер. Ако внимателно го следите ММА, тогаш знаете дека Кормиер и Џонс имаa една од најголемите караници во ММА.

Ова е причината поради која Нурмагомедов не може да биде пријател на „Коски“. Не велиме дека Џонс умира да биде пријател со Хабиб, но Нурмагомедов реши да говори за темата. :

„Никогаш немаше никакво несогласување меѓу мене и Џон Џонс. И ќе биде тешко да се споредам со него. Но мојот пријател Даниел Кормиер е во конфликт со него и тој автоматски не може да ми биде пријател. Не сум пријател со оние кои се во конфликт со моите пријатели“, напиша Нурмагомедов.

Ова е дефинитивно достојна изјава од ѕвездата Нурмагомедов. Во денешно време има луѓе кои се преправаат дека ви се пријатели, но се дружат и со вашите непријатели, што не е нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО