Хабиб Нурмагомедов ќе го сподели октагонот со најголемата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор. Тие со години имаат вербална војна, но откако работите ескалираа на УФЦ 223, борбата стана неизбежна.
Нурмагомедов го тепаше пријателот на Мек Гргеор, Артем Лобов и успеа да ја освои титулата, за која Мек Гргеор не изрази желба да ја брани. Но, Конор Мек Грегор ќе бара реванш, но наспроти него е борец него кој сака да го смачка.
Хабиб во новата промоција на УФЦ 229 јасно му порачува на Конор што ќе му направи.
„Мораме да се бориме, бидејќи јас против Мек Грегор е најголемата битка во историјата на УФЦ. Луѓето сакаат да ја гледаат оваа борба. Конор е битка за пари, бидејќи е популарен и големо име. Има само една шанса во оваа борбаа, а тоа некој среќен удар. Има само лева рака и ништо друго. А борбата, борењето?
Мојот сон е да го смачкам и да го направам како пиле во кафезот. Само сакам да го затворат кафезот и едноставно не гледам како ќе ме победи“.
.